Saturday, July 12, 2025
19.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ МУ ВРАТИЈА НА ВЕНКО: КОГА ЌЕ ПРОЗБОРИ ФИЛИПЧЕ, СЕ ШИРИ МИРИСОТ НА СТАРИОТ РЕЖИМ НА ЗАЕВ

СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ

Секоја чест на актерската изведба на Венко Филипче – само што народот не аплаудира, туку превртува очи.

Кога ќе се појави тој, сите веднаш се потсетуваат на изгорените животи во модуларните болници, на кинеските вакцини платени а неснабдени, како и на милионските тендери поделени во 4 очи со неговите пријатели од  политиката.

Човекот кој ја водеше најсрамната здравствена политика во историјата, денес држи предавања за достоинство. Навистина одличен материјал за стенд-ап комедија.

Седум години ја влечевте Македонија по кал. Ги осиромашивте граѓаните, ги исплашивте инвеститорите, ги партизировавте институциите до последниот портир и ја претворивте државата во бокс-ринг за вашиот внатрешен картел.

А сега, кога конечно некој почна да расчистува, се јавува токму Венко да каже дека „немало перспектива“. Перспективата, господине Филипче, исчезна кога вие се качивте во бизнис-класата и почнавте да ги носите пријателите на скапи патувања, додека пациентите ги носеа во нестерилизирани сали со фотоволтаици што никако не стигнаа.

Сега ви пречи што новата влада наместо бизнис во Дубаи, избра работа дома. Што наместо пропаганда, избра проекти. И што наместо тендери за свои, воведе одговорност за сите.

Да, се живее тешко – ама за првпат по долго време, не поради кражби, туку поради отплата на вашите долгови.

Македонија не е понижена, Македонија се издигнува – а вас ве остава зад себе. И не – нема да ве чека.

Затоа седнете си, одморете од лагите.

Овојпат – без тендер.

И јавете му се на Заев, може има некој концерт, за вас е.

ОВАА НЕДЕЛА

НЕОФИЦИЈАЛНО ЗАЛОЖНИЧКА КРИЗА ВО ПРИЛЕП

Хеликоптери на МВР го прелетуваат Прилеп. Според неофицијалните информации лице...

ТАЈВАН ИСТРЕЛА АМЕРКАНСКИ РАКЕТИ ХИМАРС ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЖБА

Тајванските вооружени сили денеска почнаа да користат едно од...

КУНОВСКА РАЗМИСЛУВА ЗА „НЕЗАВИСНА“ КАНДИДАТУРА ЗА ЦЕНТАР НО ПРИФАЌА И ПОДДРШКИ ОД ПАРТИИ

Софија Куновска, долгогодишен активен член, советник и пратеник од...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ