ВМРО-ДПМНЕ : МАКЕДОНИЈА НЕ ГИ ОТПОЧНА ПРЕГОВОРИТЕ НЕ ЗАРАДИ ВМРО-ДПМНЕ, ТУКУ ПОРАДИ КРИМИНАЛОТ И КОРУПЦИЈАТА НА ВЛАСТА

0
315

Во однос на изјавата на Ковачевски дека нема отворање на поглавјата поради некаква проруска коалиција можеме да заклучиме дека дефинитивно ја промашил терапијата.

Отворање на поглавјата нема, не поради ВМРО ДПМНЕ туку поради епидемијата од корупција, и потрошените 500 милиони долари за некакви реформи после кои корупцијата расте, наместо да се намалува.

Нема преговори поради неказнетиот криминал, поради тендери за коридори чии подизведувачи се партиски фирми на власта, поради соларното броило и ширењето на бизнисите на Ковачевски и неговиот кум, поради милионите од РЕК и редица други скандали.

Инаку за се што се случува во судството и обвинителството  виновни се СДС и ДУИ. Премиерот на СДС се прогласи за главен реформатор на судството. Кадрите на ДУИ и СДС се главните во судските лавиринти. Рускоска и Кацарска беа кадрите и ударната тупаница токму на оваа власт.