Friday, January 17, 2025
0.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ : КРИМИНАЛНИТЕ ШЕМИ ОД ЕПСКИ РАЗМЕРИ ОД СДС И ДУИ СИСТЕМСКИ ГО УНИШТИЈА ЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР

СДС кои, до пред шест месеци, седум години системски го уништуваа енергетскиот сектор, сега најдоа да зборуваат за проблеми кои навремено се детектирани и се работи на експресно решавање на проблемите.

Испадот да РЕК Битола од мрежата е директна последица на неправилното, несоодветно и криминално одржување на блоковите од страна на криминалните СДС и ДУИ.

Новото раководство во ЕСМ и РЕК Битола веднаш го детектираа проблемот и се работи на санирање и решавање на проблемите. Блоковите на РЕК Битола за брзо ќе бидат вратени во работен процес и приклучени на мрежа.

Ја потсетуваме јавноста дека ваквите проблеми во енергетскиот сектор се последица, исклучиво, на криминалното работење на СДС и ДУИ.

Тоа веќе го потврдуваат и надлежните институции кои покренаа и обвинение против првите лица на РЕК Битола за сторен криминал во вредност од шест и пол милиони евра.

И тоа не е единствениот криминал во енергетскиот сектор. Надлежните институции каде и да чепнат во енергетиката, особено во РЕК Битола ќе најдат криминал.

За време на седум годишниот период на нивно владеење, СДС и ДУИ преку криминалните шеми од епски размери, ЕСМ од профитабилно претпријатие го донесоа во состојба на загубар.

Затоа СДС, кои системски го уништија РЕК Битола и енергетскиот сектор, сега да не глумат лажна грижа. Новите раководства во сите енергетски претпријатија посветено работат на стабилизирање на енергетскиот сектор, а РЕК Битола за кратко време, веднаш по санирањето на проблемот, воедно наследен од претходно, ќе биде вратен во функција.

ОВАА НЕДЕЛА

МУЦУНСКИ ВО ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР СО НОВИОТ ШЕФ НА БУГАРСКАТА ДИПЛОМАТИЈА, ГЕОРГ ГЕОРГИЕВ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски...

МАРТА КОС: РЕАЛНА ШАНСА ЦРНА ГОРА ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА ЗА ВРЕМЕ НА МОЈОТ МАНДАТ ВО 2029 ГОДИНА

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска во Подгорица изјави...

БУГАРИЈА КОНЕЧНО ДОБИ РЕДОВНА ВЛАДА, ПРЕМИЕР Е РОСЕН ЖЕЉАЗКОВ

По седум парламентарни избори, политичка нестабилност и технички влади,...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ