Wednesday, July 16, 2025
25.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: КАНДИДАТОТ НА СДС ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ГАЗИ БАБА Е СЕНКА НА ЗАЕВ ОД МИНАТОТО, ГРАЃАНИТЕ НЕМА ДА ДОЗВОЛАТ РАЗВОЈОТ НА ОПШТИНАТА ДА ЗАПРЕ

Изборот на Венко Филипче, Влатко Митовски да биде кандидат за градоначалник на општина Гази Баба од СДС е доказ дека СДС е партија којашто е заглавена во минатото.

Изборот на СДС за кандидатот Влатко Митовски е показател дека СДС продолжува да нуди стари и истрошени кадри кои се верна сенка на Заев и продолжение на неговите политики.

Наместо свежи кадри со кредибилитет и професионалност СДС нуди кадри кои се синоним за корупција, криминал, неработење и скандали.

Влатко Митовски не е ново лице тој е само верна сенка на Георгиевски, човек кој беше дел од сите погрешни политики кои ја уназадија општината.

Граѓаните не забораваат на секојдневните скандали од минатото, на корупцијата и криминалот, каде интересите на граѓаните беа на последно место а фокус беа интересите на челниците од СДС.

За разлика од времето на СДС, денес Гази Баба е вистинско градилиште каде интересите на граѓаните се секогаш на прво место. Денес во Гази Баба се реализираат проекти во секое населено место се градат улици, училишта, градинки, спортски терени.

Граѓаните ја препознаваат разликата и нема да дозволат развојот на Гази Баба да запре, напротив ќе се продолжи по патот на резултатите и успехот.

На СДС му е неопходна реформа и развој, народот заслужува вистинска грижа а не враќање во минатото и уназадување на општината.

Гази Баба оди напред. Граѓаните избираат работа, развој и напредок а не враќање во минатото!

ОВАА НЕДЕЛА

КАКО ДА ВНЕСЕТЕ ПОВЕЌЕ МАГНЕЗИУМ ВО ВАШАТА ИСХРАНА?

Магнезиумот е еден од клучните минерали за здравјето, но...

ПОЖАР ЈА ЗАФАТИ ГЛАВНАТА СЦЕНА НА ФЕСТИВАЛОТ TOMORROWLAND

Еден од најпознатите музичкифестивали во светот, белгискиот „Tomorrowland“, треба...

РУБИО: ЗАВОЈУВАНИТЕ СТРАНИ ВО СИРИЈА СЕ СОГЛАСИЈА ДА ПРЕЗЕМАТ ЧЕКОРИ ЗА ПРЕКИН НА БОРБИТЕ

Завојуваните страни во Сирија се согласија за конкретни чекори...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ