ВМРО-ДПМНЕ и Сваровски судството се симбол за пресметки со политички неистомисленици

0
970

Наместо Александар Николовски лажно да обвинува за наводни притисоци кон опозицијата, треба да се потсети како неговата ВМРО-ДПМНЕ и високи партиски и државни функционери со години преку „Сваровски“ судството тужеа и осудуваа неистомисленици, новинари и функционери на СДСМ.

– Тогашниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го тужеше претседателот на СДСМ Зоран Заев за клевета и навреда во случајот “Македонска банка” во 2014 година со прависолноста на пресуда со која Заев треба да плати 500.000 евра, за потоа во 2019 Груевски да ја повлече тужбата.

– Во 2008 Груевски го тужи Љубомир Фрчковски тогаш член на Дипломатски совет на СДСМ за клевета, а по само 3 рочишта, Фрчковски е осуден да плати оштета од 30.000 евра.

–  Зоран Ставревски го тужи портпаролот Петре Шилегов за клевета во 2015 година за случај со германската компанија “Лудвиг Фајфер”.

–  Миле Јанакиевски го тужи Шилегов во 2015 година за клевета и бара оштета од 300.000 денари за случај со германската компанија “Лудвиг Фајфер”.

-Во 2015 година Гордана Јанкуловска го тужи Шилегов за клевета и навреда, што резултира со пресуда против Шилегов кој треба да и плати 200.000 денари оштета.

–  Сашо Мијалков го тужи Макрадули за клевета, кој во 2012 година е  осуден на парична казна од 8500 евра. Подоцна во 2018година Судот во Стразбур пресуди во корист на Макрадули, со што се докажа дека „Сваровски“ судството работело по диктат на ВМРО-ДПМНЕ.

–  Во 2014 година, судот носи пресуда Игор Ивановски да и плати оштета од 300.000 денари на тогашната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска.

– Во следната 2015 година Елизабета Канческа-Милевска го тужи и портпаролот на СДСМ Петре Шилегов за клевета.

Ова се само дел од бројните примери на тужби, закани и притисоци од страна на функционери на ВМРО-ДПМНЕ против политички противници, кои беа секојдневие за време на режимот на Груевски.

Денес, за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ, слободата на говор и изразување се почитуваат и унапредуваат, но мора да има одговорност за секој за кој ќе се докаже дека свесно шири лаги, дезинформации и измислици.

Денес, законите важат за сите подеднакво, а судството носи одлуки независно и слободно низ траспарентни и законски утврдени постапки.

Денес, за жал, Република Северна Македонија е единствената држава во Европа каде најголемата опозициска партија е главен извор на лажни вест, а нивни пратеници и гласници редовно се демантирани од институции, граѓани, па дури и од амбасади, конзулати и меѓународни организации.