Wednesday, July 9, 2025
22.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ И ВРАТИ НА ШУКОВА: НЕБУЛОЗНО Е СДС ДА ГОВОРИ ЗА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ КОГА НАРОДОТ ГО ОСТАВИЈА СО 150 ДЕНАРИ НА ДЕН, БУЏЕТСКАТА КАСА ПРАЗНА И ДРЖАВАТА НА РАБ НА БАНКРОТ

СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА КАЈА ШУКОВА 

По 7 години владеење на СДС системот беше руиниран, институциите нефункционални а буџетската каса опустошена. СДС и ДУИ потрошија милионски буџети изминатите 7 години а позади себе оставија хаос во институциите и колапс на системот.

СДС го остави народот со празни џебови на раб на сиромаштија 600 000 наши сограѓани живееа со помалку од 150 денари на ден додека блиските и врхушката на СДС профитираа брз грбот на граѓаните и ги прошируваа фамилијарните бизниси.

Апсурд е СДС денес да говори за економија, бидејќи тие се истите кои го уништија животниот стандард, кои инфлацијата ја донесоа над 20%, кои го задолжија народот – јавниот долг во нивно време беше 65% од БДП.

Лицемерно е СДС да говори за инвестиции и економија кога во нивно време државата дојде на раб на банкрот, платите доцнеа или не се исплаќаа со месеци за разлика од денес кога платите се добиваат на време, а Македонија е 4-та економија во Европа.

Денес имаме рекордни странски директни инвестиции од 1,2 милијарди евра. Се градат автопати, општините и бизнисите имаат поддршка над 500 милиони евра, се отвораат нови фабрики и нови работни места.

Истовремено Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ пензиите ги зголеми за 5 000 денари, зголемени плати во образование, здравство, МВР.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи домаќински и континуирано работи на привлекување странски инвестиции, отворање на нови работни места и подобар животен стандард на граѓаните.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ГАСНИОТ ИНТЕРКОНЕКТОР СО ГРЦИЈА

Стартуваше изградбата гасниот интерконектор со Грција во должина од...

МИЦКОСКИ: ОВА Е НАШИОТ КРУШЕВСКИ МАНИФЕСТ, СВЕТОТ ГО ВИДЕ ВИСТИНСКОТО ЛИЦЕ НА БУГАРИЈА

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната вонредна прес-конференција,...

МИЦКОСКИ: НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ НОВО ПРЕДАВСТВО И ЌЕ ГИ БРАНАМ МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ

На денешната вонредна прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, на која се...

НАПАДНАТА ЕКИПАТА НА ТВ АЛСАТ КАЈ ПОЖАРОТ ВО ВИЗБЕГОВО

Екипата на ТВ Алсат била нападната во близина на...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ