„Но, на крајот на денот не е релевантно чиви биле тие позиции. Битно е заради предвидливост и на економијата, и на деловниот свет, и на сите наши граѓани зависно од која област тие работат, да знаеме кога се изборите. 2024-та година е изборна година и да можеме да тргнеме напред во рамките на законските исполнувања на сите тие процеси и државата да може во 2024-та година да добие нов претседател и нова Влада која што ќе може да ја води Македонија на вистински патеки“, рече Муцунски.
Toj додаде дека следејќи се што се случува во последниве години во Македонија, апсолутно ВМРО-ДПМНЕ е против ДУИ да има претседател на техничка влада.
„ДУИ е политичка партија која што во моментов, актуелното нејзино раководство и луѓето кои што се нејзини претставници во извршната власт секојдневно гледаме како преку медиумите, истражувачките медиуми, онлајн портали и различни граѓански организации не информираат како тие се извор на скандали и на корупција. И сосема несоодветно е кадарот од таа политичка партија да ја води идната Влада“, нагласи тој.Mucunski e сигурен дека идната Влада ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ.„За нас е значајно да имаме коалициони партнери, владина програма, да имаме политики, да дискутираме врз основа на принципи, да имаме Влада која што ќе биде насочена на привлекување на странски директни инвестиции итн.“, појасни Муцунски.