Saturday, July 12, 2025
19.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: ЕДНА ГОДИНА ВЛАДА НА ВМРО-ДПМНЕ, НАД 1 МИЛИЈАРДА И 255 МИЛИОНИ ЕВРА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ЗА ПОКВАЛИТЕТЕН ЖИВОТ НА ГРАЃАНИТЕ

Фото : Народен Глас 

Во овие година дена од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ главен приоритет и фокус на владата беше економијата. Грижа за сите граѓани и посветеност на изградба на економска визија базирана на факти, докази и долгорочно планирање.

Од економија што тоне со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ економијата почна да заздравува и да се стабилизира.

Инфлацијата се стави под контрола. Од двоцифрена инфлација за време на СДСМ и ДУИ до околу 3% инфлација денес преку мерки, проекти и јасна визија.

Обезбедени беа 500 милиони евра за поддршка на компаниите и за поддршка на општините за реализација на капитални проекти. 250 милиони евра за поддршка на компаниите за реализација на инвестициски циклус, и 250 милиони евра за поддршка на општините за реализација на капитални проекти за подобрување на животот на граѓаните.

Во првиот квартал од оваа година се постигна раст на БДП 3,2% што е потврда за стабилизација на макроекономската состојба, забрзување на домашната економија и повисоки стапки на економски раст.

Сето тоа Македонската економија ја става на 4-то место во Европа според растот на БДП, во првиот квартал и се наоѓа веднаш зад Ирска, Данска и Полска.

За разлика од минатото, сега има рекордно ниво на странски инвестиции од 1 милијарда и 255 милиони евра. Платите растат, и има повисоки плати во администрацијата, здравството, образованието, полицијата.

Се враќаат наследените долгови, целосно е отплатена еврообврзницата издадена во 2018 година, во износ од 500 милиони евра.

Првпат по седум години намален е јавниот долг, заклучно со март 2025 година има намалување 4,7 процентни поени во однос на БДП, односно за 36 милиони евра. Намален е и буџетскиот дефицит за 4% од БДП.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги намали царинските стапки. Се намалија царинските стапки за 67 стоки кои како суровини и репроматеријали се користат во домашната индустрија и целосна либерализација на увозот на стоки со потекло од САД како наш стратешки партнер.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да креира мерки и проекти со цел економски раст и унапредување на економија за поквалитетен живот на граѓаните. Ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија.

ОВАА НЕДЕЛА

НЕОФИЦИЈАЛНО ЗАЛОЖНИЧКА КРИЗА ВО ПРИЛЕП

Хеликоптери на МВР го прелетуваат Прилеп. Според неофицијалните информации лице...

ТАЈВАН ИСТРЕЛА АМЕРКАНСКИ РАКЕТИ ХИМАРС ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЖБА

Тајванските вооружени сили денеска почнаа да користат едно од...

КУНОВСКА РАЗМИСЛУВА ЗА „НЕЗАВИСНА“ КАНДИДАТУРА ЗА ЦЕНТАР НО ПРИФАЌА И ПОДДРШКИ ОД ПАРТИИ

Софија Куновска, долгогодишен активен член, советник и пратеник од...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ