ВМРО-ДПМНЕ : ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ НА СДС И ДУИ, ДОДЕКА СЕ ЖУРКАА СО АХМЕТИ, НИВНИТЕ ЕВРОПСКИ АКТИВИСТИ ВО М-НАВ ДЕЛЕА БОКСОВИ, Ј.О ДА ПОКРЕНЕ ОБВИНЕНИЕ ЗА КРИВИЧНО ДЕЛО НАСИЛСТВО

0
256

Почитувани,

Откако функционерите на ДУИ и СДС, наидоа на отпор од вработените во М-НАВ, поради вработување на партиски и некфалификувани кадри, со наместени огласи за вработување, прејдоа на притисоци и насилие, само за насила да ги внесат нивните партиски луѓе, кои наумиле да ги вгнездат во оваа институција, каде има најголеми плати во државата.

Прво се обидоа со класичен притисок, првиот човек на синдикатот, да го викнат на разговор во МВР,  под образложение за наводни закани кон директорот на М-НАВ.

Притоа кога виде власта дека овој притисок, само уште толку ги обедини вработените во оваа институција, каде со оставки се заканија околу 30 вработени, почнаа со нова темна операција, со вклучување на партиски војници и директни физички напади.

За каква власт говориме, кога може партиска војска, слободно да влезе, во една од најзаштитената институција во Македонија и да изврши физички напади врз контролори за летање, само поради тоа што, застанале во одбрана на своите права и во одбрана на институцијата во која професионално работат.

Ова ли е начинот, на кој ДУИ и СДС, ќе не внесуваат во Европа?

Ова ли се европски вредности, кон кои се стремиме?

Од друга страна надлежното министерство, а тоа е министерството за транспорт и врски, на чело со пиунот Бочварски, се оградува дека немале ингиренции да се вмешаат.

Не не изненадува ова, бидејќи Димитар Ковачевски, нема глас во оваа влада, предводена од ДУИ, тој не смее збор да им каже на ДУИ, бидејќи целосно е зависен од нив.

Овие закани и напади врз вработените и предизвикан страв, не е нарушување на јавниот ред и мир, туку типично кривично дело насилство и треба веднаш да реагира Јавното Обвинителство.

По овој скандал, до сега требаше да има барем неколку оставки, од директорот на М-НАВ, до министерот Бочварски, па се до безгласниот премиер. Но очигледно е тоа дека нема да се случи.

Граѓаните на следните избори, ќе го кажат своето мислење за сите од нив, во тоа немаме дилеми.

 Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме!