Monday, January 20, 2025
-1.2 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ : ДО ПОСЛЕДНИОТ ДЕН ОД КРИМИНАЛНАТА ВЛАДА СО ДУИ, СДС СЕ СОИЗВРШИТЕЛИ ВО КРИМИНАЛОТ НА АРТАН ГРУБИ

Во СДС нема ништо ново. Партиското раководство се остатоци и трет и четврт ешалон од владеењето на Зоран Заев, сега ставени во служба на Венко Филипче.

Секојдневно измислување приказни на СДС не поминуваат. Тие се прочитани од народот и никој не им верува. Тоа се виде на последните избори, на кои од граѓаните добија црвен картон.

Дека СДС се декласирани и никој не им верува зборуваат и резултатите од последните анкети, каде што довербата од граѓаните им е 1 спрема 5 во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Полека, но сигурно СДС ги снемува од политичката мапа.

За да стекнат некаков кредибилитет, прво што треба СДС да направи е, јавно да им се извинат на македонските граѓани за криминалот на Артан Груби. Тие знае дека Груби криминално печали врз грбот на граѓаните и дека ја пљачка државата, а за тоа молчеа.

Ова СДС, на чело со Венко Филипче, беа заедно во криминалната влада на СДС и ДУИ. За да им продолжи власта тие го одобруваа криминалот и крадењето на Груби, на кој потоа им се приклучија.

СДС се соизвршители во криминалот на Груби и тоа траеше до последниот ден на нивната криминална влада.

СДС молчеше за криминалот на Артан Груби дури и за време на изворната кампања, каде што на избори одеше со надеж, дека после нив, повторно ќе направат заедничка влада и ќе продолжат да крадат и да прават криминал.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е одлучна да воспостави ред и да се справи со политичките криминалци во СДС и ДУИ, кои здружно ја крадеа државата. Народот тоа го гледа и го цени и затоа предноста и довербата од граѓаните е во постојан раст.

Правда и одговорност за сите во Македонија ќе има.

ОВАА НЕДЕЛА

МИЦКОСКИ : ОД АЕРОДРОМОТ ВО ВАШИНГТОН ДИРЕКТНО НА СОСТАНОК

Директно од аеродром на состанок…, во Вашингтон имав исклучително...

ТРАМП ВО ТЕКОТ НА УТРЕШНИОТ ДЕН ЌЕ ИЗДАДЕ НАРЕДБА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА TIKTOK

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави денеска дека планира...

МВР : СУЗБИЕНА ОРГАНИЗИРАНА КРИМИНАЛНА ГРУПА ЗА ТРГОВИЈА СО ДРОГА

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во...

ПРОНАЈДЕНИ МАЧЕНИ И УБИЕНИ ЦИВИЛИ, ЗАХАРОВА РЕЧЕ ДЕКА ОДГОВОРНИТЕ ЌЕ БИДАТ КАЗНЕТИ

Безмилосните злосторства на Киев врз цивилите и молкот на...

НОВИНАРСТВОТО ВО КРИЗА: ПРОФЕСИОНАЛНИ ПРЕДИЗВИЦИ И НИСКИ ПЛАТИ, ДАЛИ РСМ ОСТАНУВА БЕЗ МЛАДИ НОВИНАРИ?

Според истражувањето на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ