Реакција на изјавите на Кристина Костова, СДС
СДС да престане да ја замајува јавноста, одговорност за пожарот во Кочани има
Наместо да ја поздрави брзата реакција на МВР, СДС преку децата на Заев шири лаги и невистини.
СДС што побргу сфати дека нема веќе како до сега, толку подобро за нив. За разлика од модуларна болница, Дурмо турс, Беса Транс, Старби и многу други случаеви, сега уште во првите 48 часа имаше приведени над 30 лица. Сега таа бројка е зголемена и доколку има потреба, сигурно ќе се зголемува и дополнително.
Срамно е СДС да говори за селективна правда, кога меѓу осомничените има луѓе кои се членови и на СДС, и на ВМРО-ДПМНЕ, и на ДУИ. Кога е време за правда и одговорност, нема тука мешање на етничка или партиска припадност.
Брзата реакција и ангажманот на МВР, само потврдува за тоа дека Владата е насочена кон намалување на криминалот и корупцијата во државата. Сега работата продолжува во рацете на обвинителството, кое е одбрано и изгласано токму од СДС и ДУИ.
Да ги потсетиме СДС, дека за разлика од порано кога пајаците и каблите беа криви, сега веќе има правда и одговорност.