Wednesday, April 23, 2025
9.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ ДО КОСТОВА: ЗА ВРЕМЕ СДС ИСТИОТ ТЕНДЕР Е ЗАКОНИТ НО СЕГА Е НЕЗАКОНИТ, ОВА Е КЛАСИЧЕН ПРИМЕР НА СДС ПРОТИВ СДС СО ШТО СВЕСНО ПРАВИТЕ ЗАБУНА И ВУЛГАРИЗАМ

РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА СДС

Ова е класичен пример на СДС против СДС. 

Станува збор за ист тендер кој и владата предводена од СДС го имаше објавено и користено во изминатите две години. Како тогаш мерењето не беше спорно кога го правеше партијата на Венко Филипче, а сега одеднаш е скандал? 

СДС должи одговор, кој дел од овој тендер е незаконит?

Зошто кога тие беа власт беше прифатливо, а сега не е? 

СДС свесно прави забуна и вулгаризира, иако станува збор за истиот процес кој тие редовно го спроведуваа. Очигледно, тогаш го правеле не за да добијат реална слика за своите политики, туку за да ги задоволат своите партиски интереси. 

Овие истражувања не се за мерење на рејтинг, туку за мерење на оправданоста на политиките и проектите, анализа дали тие се прифатени, разбрани и поддржани од граѓаните. Тоа е основа за креирање одговорни и ефикасни политики. 

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го слуша гласот на народот, ги прима пораките и врз основа на тоа презема конкретни чекори. Само така може да се води доследна политика заснована на јавниот интерес, за разлика од пристапот на СДС, кој се водеше од интересите на малкумина во СДС и ДУИ. 

Ова е уште една брутална злоупотреба на трагедијата во Кочани, уште еден очаен обид на корумпираните структури на СДС да го свртат вниманието од вистинските теми: криминалот, несреќите и катастрофалната состојба во која ја оставија државата. 

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи лагите на СДС да ја засенат вистината. Граѓаните заслужуваат отчет, вистина и правда  и токму тоа го носи оваа Влада.

ОВАА НЕДЕЛА

ИЗБУВНА ПОЖАР ВО НАСЕЛБАТА ТОЧИЛА 2, ПОВРЕДЕНИ НЕМА ПОЖАРОТ ЛОКАЛИЗИРАН

Украсна ламбичка предизвика пожар во еден стан на први...

ТЕПАЧКА НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ, ЛЕТАА БОКСОВИ И КЛОЦИ

Големи редици од автомобили попладнево се создадоа на граничниот...

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ НИКОЛОСКИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ВИСОКО НИВО НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски,...

ЉУТКОВ ЗА ТВ СИТЕЛ НАЈАВИ УТРЕ ДО 16 ЧАСОТ ПЛАТИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО КУЛТУРАТА

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков се надева...

ХАРВАРД ЈА ТУЖИ АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА ТРАМП

Администрацијата на Трамп во март започна со ревизија на...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ