Tuesday, June 17, 2025
24.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА ИНВЕСТИЦИЈА БРЗА ПРУГА ТАБАНОВЦЕ-ГЕВГЕЛИЈА, МАКЕДОНИЈА НА ЕВРОПСКАТА КАРГО МАПА ВО ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ

Градежната офанзива којашто е во тек ќе продолжи и со инвестиции во железничкиот сообраќај и изградба на брза пруга. Ќе се реализира многу важен проект од железничкиот сообраќај, артерија на Коридорот 10.

Со инвестиција од околу 2 милијарди евра ќе се гради брза пруга Табановце-Гевгелија. Постоечката пруга ќе се реконструира, и ќе се направи уште една паралелна пруга. Во септември ќе стартуваат почетните истражувања на теренот, геолошки истражувања и механизација на теренот за изградба на брзата пруга.

Со брзата пруга предвидено е патнички сообраќај да биде до 160 км на час а товарниот сообраќај до 120 км на час. Граѓаните ќе можат да патуваат за час и пол до Солун, 4 до 5 часа до Виена.

Македонија конечно ќе почне да ја користи добрата местоположба и ќе се впише на мапата на карго Европа. Карго транспортот се предвидува да донесе од 100 -120 милиони годишен приход од товарниот сообраќај.

Брз и ефикасен железнички сообраќај од граница на Србија до граница на Грција. Делницата Табановце- Гевгелија ќе се скрати од 235 км што е моментално, влез излез од државата, се планира да биде 200 и под 200 км. Целта е да имаме брза пруга и брз транспорт.

Инвестицијата ќе биде 30 проценти британска компонента, вградени британски делови кои се по квалитет второ место во светот, а 70 проценти домашни компании.

Согласно проектот ќе има и конектори, Скопје ќе има, ќе се поврзе аеродромот Петровец, конектори во Велес и во Гевгелија, а во втора фаза ќе го се пушти Кочани спрема Штип во Велес за да има како луѓето да доаѓаат до овие централни станици на кои ќе можат да се качуваат за меѓународен сообраќај. Во план се и набавки на возови, локомотиви кои ги задоволуваат европските стандарди.

Со развојот на железничката и патната инфраструктура се создаваат можности за поврзување, за подобар и поквалитетен живот на граѓаните.

ОВАА НЕДЕЛА

РУСИЈА АПЕЛИРА ДО ИЗРАЕЛ ДА ПРЕКИНАТ СО ОГНОТ, ДИПЛОМАТСКИОТ НАЧИН Е ЕДИНСТВЕНО РЕШЕНИЕ

Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI Русија предупреди дека израелските напади врз иранските...

ИРАН ДИРЕКТНО УДРИ ВО МОСАД – РЕКЕТИРАН Е ОПЕРАТИВНИОТ ЦЕНТАР НА ИЗРАЕЛСКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека извршила успешен ракетен...

ПИЈАН СКОПЈАНЕЦ ВОЗЕЛ ВО СПРОТИВЕН ПРАВЕЦ И НАПРАВИЛ СУДАР

Осомничениот, на 16 јуни во вечерните часови, под дејство...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ