Monday, January 20, 2025
0.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ : ГРУБИ СО ГОДИНИ ЈА КРАДЕЛ ДРЖАВАТА А НЕГОВ СОУЧЕСНИК БИЛ КОВАЧЕВСКИ, СДС И ДУИ ЗНАЕЛЕ, МОЛЧЕЛЕ И НЕ РЕАГИРАЛЕ ЗА ДА НЕ ПАДНЕ ВЛАДАТА И ЗА ДА ГИ ПРОДОЛЖАТ СО КРИМИНАЛОТ, КОРУПЦИЈАТА И МАТНИТЕ ЗДЕЛКИ

Артан Груби со години ја крадел државата, а за тоа знаеле и СДС и ДУИ и МВР под водство на Оливер Спасовски.

Сите знаеле за матните зделки, тендерите во четири очи, влијанието врз судството, криминалот и корупцијата и молчеле. Молчеле само поради една причина, а тоа е да не падне владата и да опстане коалицијата СДС- ДУИ.

Димитар Ковачевски му бил соучесник во криминалот на Артан Груби. Оливер Спасовски и МВР, исто така, знаеле за криминалот на Груби и не реагирале.

Молчеле и не реагирале, со години немало никаква реакција од институциите под раководство на СДС и ДУИ. Само за да опстане коалицијата ден повеќе на власт и да продолжат криминалните зделки и богатењето на грбот на граѓаните.

СДС се виновни за ширењето на криминалот и корупцијата на ниво на пандемиски рамери.

СДС се виновни за грабежот на Груби поради тоа што знаеле и имале можност, но не го спречиле од лукративни причини.

Во СДС ништо не се менува и ден денес истите луѓе на Заев, Ковачевски, а сега Филипче повторно се таму. Истиот профил и ментална матрица на луѓе кои не носат нови, свежи и иновативни идеи за просперитетна иднина, туку се заглавени и испреплеткани во лавиринтите од минатото.

СДС наместо да спинува и да ја манипулира јавноста со евтини трикови, да се засрами затоа што функционери од СДС шурувале со криминални банди и структури и да го повика Груби да одговори пред правдата.

Нема повеќе место за криминалци во политиката, време е за одговорност и посветеност, нешто што беше реткост да се види изминатите години.

ОВАА НЕДЕЛА

НАПАДНАТ ЛЕКАР ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА

Тетовец нападнал лекар од Клиничката болница Тетово, стои во...

СЕ ЗАПАЛИ КУЌА ВО ДЕЛЧЕВСКО, ЗАГИНА 37-ГОДИШНИК

Пожар утрово изби во селото Чифлик, Делчевско, а притоа...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ