ВМРО – ДПМНЕ го „трампале“ Кичево во замена за Скопје, Прилеп и Битола

0
634

Прес конференциите и трибините на кои ќе се објавуваат снимените материјали, кои како што вели опозицијата, ги докажуваат криминалите и начинот на работење на власта, ќе се одржуваат во повеќе градови низ државата.

gruevski-kicevo

Вака, велат од СДСМ, „Вистината за Македонија“ ќе можат да ја чујат повеќе граѓани.

На овој начин, велат, ќе се види како се избирани и што и како работат некои од градоначалниците. Од СДСМ ги посочуваат градоначалниците на Прилеп, Марјан Ристески, битолскиот градоначалник Владимир Талески.

Од СДСМ се решени, на граѓаните на Кичево да им покажат како е правен пазарот со македонските гласови, но и тоа како власта според СДСМ го продала Кичево во замена за гласови во Скопје, Прилеп и Битола.

Ќе се открие и кој ги пазарел и носел гласачите од Пустец.