Вработените во здравството добиваат покачување на платите од 40 до 50 проценти во еден мандат, следува трансформација и реформи во здравствениот систем а граѓаните ќе добијат навремени и квалитетни услуги
За прв пат после долг период владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ постигна историски договор за зголемување на платите на здравствените работници.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги санира штетите од владеењето на СДС и ДУИ во здравството и е посветена на подобрување на условите за работа во интерес на сите граѓани.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е прва Влада во Република Македонија која покажа дека има слух за медицинските работници особено за средниот медицински персонал. Потпишан е анекс на Колективен договор во Здравството.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ за еден мандат ќе ги зголеми платите на здравствените работници за над 40 % почнувајќи од ноемвриската плата.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи напорно за значително да се подобри финансискиот статус на сите вработени во здравствените установи. Следува повисока плата за сите вработени од 2.450 денари до крај на годината. Повисока плата за 3.850 денари за сите медицински сестри до крај на годината.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за сите работници а вработените во здравството добиваат покачување на платите од 40 до 50 проценти во следните 4 години.
Покрај зголемувањето за 10 % во 2024 година за плати, следната 2025 во март месец ќе има дополнителни 5 % зголемување, наредната 2026 година зголемувањето ќе е од 5-7 %, истото зголемување од 5-7% ќе биде и во 2027година, а од 7-10 % ќе биде зголемувањето во 2028 година.
Со владата на ВМРО-ДПМНЕ стартува трансформација на здравствениот сектор, следуваат реформи во здравствениот систем, со што граѓаните конечно ќе добијат квалитетни и навремени здравствени услуги.