ВМРО-ДПМНЕ : ВЛАСТА ЕВТИНО ГИ ПРОДАВА ВИШОЦИТЕ СТРУЈА ВО АЛБАНИЈА, А СТОПАНСТВОТО ПРОПАЃА ЗАРАДИ ВИСОКИТЕ ЦЕНИ

0
649

Македонското стопанство тоне поради лошата енергетска политика на власта. Индустријата е оставена на милост и немилост и плаќа 500% поскапа струја од лани. За споредба со компаниите во околните земја, македонските плаѓаат најскапа струја и на тој начин ја губат својата конкурентност. Власта наместо преку матни зделки да ги продава вишоците на албанската компанија по багателна цена, истите може да ги понуди на домашниот пазар и на тој начин да ја помогнеше домашната економија, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

-Поради неодговорноста, недомаќинското работење и криминалот на власта на антимакедонската СДС, граѓаните и компаниите ја плаѓаат од свој џеб неколку кратно економската катастрофа. Најпрво ги плаќаат државните компании кои се претворија за 5 години во бунар без дно и најголеми загубари, потоа преку буџетски пари го плаќаат скапиот увоз и на крај преку енормни сметки ја плаќаат електричната енергија. И од мафијата СДС да беше, премногу е!

Ова мора да престане. На ова мора да му се стави крај. За ваквиот грабеж на својот народ кој го спроведува антимакедонската СДС мора да има одговорност, се вели во соопштението на партијата.