Tuesday, November 12, 2024
6.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ : ВЛАДАТА ПРЕДВОДЕНА ОД ВМРО-ДПМНЕ ЈА ВРАЌА ДОВЕРБАТА И ПРОФЕСИОНАЛНОСТА ВО БЕЗБЕДНОСНИТЕ СЛУЖБИ, ЗАВРШИ ПАРТИЗИРАЊЕТО КОЕ ГО СПРОВЕДУВАШЕ СДС

СДС се видени и прочитани дека единствено што знаат на власт е да лажат, манипулираат, да ги злоупотребуваат и партизираат институциите. А, во тоа македонските граѓани повторно се уверија и во изминатото нивно седумгодишно владеење.

Не за џабе кај народот се познати како симбол на лаги, манипулации и партизирање на државата и институциите на системот.

СДС покажаа и докажаа дека се симбол на злоупотреба на државните ресурси за приватни и партиски цели, а институциите на системот ги претвори во партиски штабови.

Од нивната лакомост да злоупотребуваат и партизираат не ги поштедија ни едни од најклучните институции, кои се столбовите за државната безбедност, меѓу кои и Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

Поранешниот директор на АНБ назначен, Виктор Димовски беше долгогодишен партиски функционер и тоа на највисоките тела на СДС, меѓу кои на нивниот Извршен одбор.

Тоа го потврдуваат и фактите кои ги потврдуваме со фотографии на кои убаво, јасно и прецизно се гледа Димовски меѓу останатите членови на ИО на СДС. Од фотографиите во прилог можеме да видиме дека освен во ИО, Димовски беше член и на нивниот Дипломатскиот совет. Партиските ангажмани на Виктор Димовски не завршуваат тука, тој учествуваше и во креирањето на политиките на СДС кој учествувал на јавни настани и на партиски дебати.

СДС ја партизираше и Агенцијата за разознавање со назначувањето за директор Еролд Муслиу, кој злоупотребувајќи ја позицијата, агенцијата ја претвори во нивен партиски штаб. Потсетуваме и за партизацијата на УБК кога СДС за директор го постави Миле Зечевиќ, кој своевремено беше висок партиски функционер, кој потоа стана и генерален секретар.

Затоа пак, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е одлучна да ја врати довербата на граѓаните во институции и затоа приоритет е стручноста, професионалноста и компететнтноста на кадрите. Така се постапува и при изборот на раководните кадри во во безбедносните служби, кои ќе го вратат професионализмот и интегритетот во служби и истите ќе работат независно за заштита на државните интереси.

ОВАА НЕДЕЛА

РУСКАТА ДРЖАВНА ТЕЛЕИЗИЈА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИИ ОД МЕЛАНИЈА ТРАМП НА КОИ Е ГОЛА

Американците се и згрозени и лути откако руската државна...

ШОКАНТНО : ПРОНАЈДЕНИ ТЕЛА НА ТРОЈЦА МАЖИ ПОКРАЈ РЕКАТА ВАРДАР

Во Скопје вчера беа пронајдени тела на тројца мажи...

ТАТКО ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА ГОДИНА ЈА СИЛУВАЛ СОПСТВЕНАТА МАЛОЛЕТНА ЌЕРКА ВО СКОПЈЕ

Фото : Илустрација Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје...

МИЦКОСКИ : НЕ ОЧЕКУВАМ СТРУЈАТА ДА ПОСКАПИ ПОВЕЌЕ ОД ТРИ ПРОЦЕНТИ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска како одговор на новинарско прашање...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ