Monday, December 2, 2024
3.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ : ВЛАДАТА НА ВМРО-ДПМНЕ Е ВО ПОТРАГА ПО ПАРТНЕР ЗА ИЗГРАДБА НА НЕКОЛКУ КОГЕНЕРАТИВНИ ЦЕНТРАЛИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА И ГАС СО ШТО ЌЕ СЕ НАМАЛИ ЗАГАДУВАЊЕТО ЗА 60 ПРОЦЕНТИ, СДС ВО МЕЃУВРЕМЕ НЕКА СЕ ОСВЕСТИ

СДС 7 години буквално ништо не направи во однос на загадувањето. Доколку изминатите 7 години СДС имаше барем една мерка против загадувањето до ваква ситуација можеби и немаше да дојде.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на сеопфатна стратегија која на долг рок ќе даде резултати.

ВМРО-ДПМНЕ интензивно работи на спречување на загадувањето на воздухот во државата.

Мeѓу најголемите проблеми со загадувањето е начинот на коишто се затоплуваат домовите каде сеуште се користат дрва и се останато како паркет, стар мебел и тн. Тоа се 60 проценти од причините зошто имаме загадување и тоа не се решава преку ноќ бидејќи во изминатите години ништо не е направено.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е во потрага по партнери коишто на основа на пазарни услови, заеднички со владата, ќе вложат во систем на затоплување на домовите кој ќе биде на резултат на согорување на природен гас. Односно когенеративни централи коишто ќе произведуваат и електрична енергија и гас.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има во план да направи неколку такви централи и на тој начин за 60% ќе биде намалено загадувањето.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи да направи еколошки, конкурентен и стабилен енергетски систем кој се темели на принципите на сигурност ефикасност и одржливост со што ќе се подобри квалитетот на воздухот.

A што прави СДС? СДС наместо да освести по дебаклот го враќа Јани Макрадули кој кон крајот на 2017 година кога беше заменик министер за екологија, си протестираше сам против себе или како функционер протестираше против владата од која беше дел.

Тоа време заврши! ВМРО-ДПМНЕ има план и стартува со негова реализација.

ОВАА НЕДЕЛА

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ