ВМРО-ДПМНЕ : БОРО МАРЛБОРО ОД СДС ГЛАВЕН НА ГРУПА КОЈА ТРГУВАЛА ДРОГА, СОРАБОТНИЦИТЕ НА КОВАЧЕВСКИ НАЈГОЛЕМИ КРИМИНАЛЦИ

0
242

Боро Марлборо од СДС главен на група која тргувала дрога.

Вчера во акција на МВР е приведен Боро Стојчев – Марлборо, поранешен градоначалник од редовите на СДС во Ново Село, кој веќе беше во затвор за шверц на цигари, тој беше осуден на 18 месеци затвор, а излезе за половина година поради намалување на казната.

СДС кои преку системот кој го контролираат го амнестираа Боро Марлборо за шверцот со цигари, сега е главен трговец со дрога. Имено според информациите кои излегоа во медиумите Боро Марлборо е под сомнение дека е главен на групата која тргувала со дрога.

Се поставува прашањето дали на Боро Марлборо му беше намалена казната за шверц на цигари за да излезе на слобода и да може да тргува со дрога? Дали Боро Марлборо работел под директива или заштита на некој од власта?

СДС е партија каде криминалот е силна страна на нејзините врвни функционери. Соработниците на Ковачевски се најголеми криминалци. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.