Friday, December 13, 2024
7.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: АРСОВСКА ДА ПРЕСТАНЕ ДА СЕ КРИЕ ПОЗАДИ ГРАД СКОПЈЕ, БИДЕЈЌИ ОНА ШТО Е НЕВИДЛИВО ВО ОВАА НЕЈЗИНА КОНСТРУКЦИЈА Е ТОА ШТО 500 ВРАБОТЕНИ ВО ГРАД СКОПЈЕ СЕКОЈ ДЕН СЕ ЖАЛАТ НА НЕЈЗИНОТО ВОДСТВО

Данела Арсовска не само што неуспешно  се справува со градските проблеми, никако да сфати дека не е важна и дека никој не и верува.

Граѓаните на парламентарните избори на 8 мај на Арсовска јасно и дадоа црвен картон.

Секој збор на Арсовска претставува само бесмислена апстракција и празно ветување.

Изгледа дека реформите се случуваат само во нејзината глава, таму автобусите пристигнуваат на време, граѓаните се среќни, а нејзините извинувања звучат искрено. Во меѓувреме, граѓаните продолжуваат да чекаат. Чекаат автобуси. Чекаат решенија. Чекаат да замине.

Арсовска да престане да се крие позади Град Скопје, бидејќи она што е невидливо во оваа нејзина конструкција е тоа што  500 вработени во Град Скопје секој ден се жалат на нејзиното водство.

Град Скопје не е нејзин личен инструмент за утеха на нејзините лични фрустрации.

Ова што го прави Арсовска е само драматизација.  Арсовска се уште не може да го разбере главниот проблем – на скопјани им треба функционален и одговорен лидер, а не лидер со политичка импотенција.

ОВАА НЕДЕЛА

МЕП МУРТЕЗАНИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО МОЛДАВИЈА ЗА ПРОЦЕСОТ НА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА

Во рамки на работната посета на Република Молдавија, министерот...

МВР : ЗАПЛЕНЕТИ ОКОЛУ ЧЕТИРИ ТОНА МАРИХУАНА ВО ВАЛАНДОВСКО

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка...

ТРЕНЧЕВСКА : ВМРО-ДПМНЕ ГО РУШИ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, СИ ОТВОРА ПАТ КОН МАСОВНА КОРУПЦИЈА

Прес конференција на СДСМ - Јована Тренчевска, пратеничка Со предложените...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ