Monday, March 24, 2025
15.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: АМАН ВЕНКО, НЕ СЕ БРУКАЈ, ТЕ НАСАНКАА СОВЕТНИЦИТЕ, ИЛИ СВЕСНО МАНИПУЛИРАШ, НЕ ЗНАЕШ ЗА ШТО ГЛАСАЛА МАКЕДОНИЈА, А ДРЖИШ ПРЕСОВИ

РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА СДС, ВЕНКО ФИЛИПЧЕ

Почитувани,

Жално е да се гледа како Венко Филипче кажува глупости и се излетува во јавноста со погрешни изјави и заклучоци.

Под итно да ги отпушти советниците кои денес го натераа да збори невистини, а доколку тоа не го направи јасно е дека тој свесно и отворено манипулира.

Венко не знае како и зошто гласала Македонија во Обединетите нации а држи прес конференции за тоа.

Во еден момент Филипче вели цитираме “Македонија прифати да бидеме конспознори на американската резолуција, а потоа беше воздржана, прв пат влада која конспозорира потоа не гласа за резолуцијатa”.

Она што Филипче не го знае и што е единствена вистина е дека Македонија и САД гласаа унисоно. Односно исто како и САД, Македонија гласаше воздржано за резолуцијата откако претходно беа прифатени амндмани кои не беа на линиција со резолуцијата која беше коспонзорирана и произведена од нашиот стратешки партнер САД.

Терминот кој го користи Венко Филипче на прес-конференцијата дека Македонија скршнува од eвропската надворешна стратегија”, ако неговите советници не знаат, тогаш јавноста мора да знае дека таков термин и таква стратегија воопшто не постои во надворешната политика.

Прес конференциите на Венко Филипче освен што се аматерски, и служат за засмејување, тие во основа се манипулативни и погрешни. Аман Венко не се брукај, себе и партијата. За советниците веќе знаеме какви ти се.

ОВАА НЕДЕЛА

БЕЗБЕДНОСНИТЕ СТАНДАРДИ ВО УЧИЛИШТАТА ДА БИДАТ ВО ФОКУСОТ НА ОПШТИНИТЕ

Министерството за образование и наука на 20.3.2025 година се...

МИЦКОСКИ: ЗА ПРВ ПАТ ИМАВМЕ РАСТ ОД 3% И СМЕ МЕЃУ ПРВИТЕ ПЕТ ЗЕМЈИ СО НАЈБРЗОРАСТЕЧКИ ЕКОНОМИИ ВО ЕВРОПА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ