ВМРО-ДПМНЕ : АКО СПАСОВСКИ СЕ СОГЛАСУВА СО АГЕЛЕР, ТОГАШ ДА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА, ЗОШТО ОД 10 ГОДИНИ ЗА КОИ ЗБОРУВА ТАА ТОЈ Е СКОРО 9 ГОДИНИ МИНИСТЕР

0
343

daГо повикуваме Спасовски да се разбуди или да се отрезни. Трагедија е сама по себе неговава изјава дека се согласува со Агелер дека неказнивоста на криминалците е голем проблем на државата. Ако се согласува со Агелер нека си поднесе оставка, зашто од 10-те години за кои збори Агелер тој е министер за внатрешни скоро 9 години, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– До толку е забеган што не сфаќа дека согласувањето е и признание за сопственото промашување и невршење за својата обврска за што мора да сноси одговорност, велат од опозициската партија.