ВМРОВЦИТЕ СТАНАА ПОТСМЕВ ВО ЗЕМЈАВА, ВЕЌЕ СИТЕ ИМ СЕ СМЕАТ – МИЦКОВСКИ ЗАБЕГА СО ЛАГИТЕ И ГО ОБВИНУВА ЗА ФАЛСИФИКАТ СВОЈОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ЈАНЕВ

0
919

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски денеска се изгуби во своите лаги и на денешниот брифинг за медиуми го обвини за фалсификат началникот на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР Александар Јанев, кој тој во техничката влада го постави преку неговиот технички министер Наќе Чулев.

Имено, Мицковски се обиде со лага да ги намести новинарите и да ги излаже дека наводно тогашниот дополнителен началник Лазе Велковски направил фалсификат во координација со обвинителката Вилма Русковска, но вистината, според наши проверени информации, е сосема различна.

Прво, не постои таков фалсификат затоа што документот кој е доставен од МВР- известување за пријава за злоупотреби при спроведување на јавна набавка е оригинален и нема измени,а второ потписник на документот е началникот на ОСОСК Александар Јанев-кадар на Мицковски, а дури потоа дополнителниот началник Велковски.

Очигледно, нема крај на лагите и подметнувањата на Мицковски, а за жал на ваквите подметнувања наседнаа и некои портали. Но, фактите ја демантираат оваа ефтина лага.