ВМРОВЦИТЕ СЕ ПРЕТЕРАА СО ЗЛОБА И БУДАЛАШТИНИ : Оштетен споменикот на жртвите на трагичната несреќа со бродот „Илинден” во Охрид, МНР со остра осуда

0
338

Министерството за надворешни ра боти информира дека е скрнавен споменикот на жртвите на трагичната несреќа со бродот „Илинден” во Охрид и упати остра осуда на тој чин.

– Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија најостро го осудува вандалскиот акт на скрнавење на споменикот во Охрид за жртвите на трагичната несреќа со бродот “Илинден”, во која настрадаа бугарски туристи, на 05 септември 2009 година – информира МНР.

Оттаму додаваат дека надлежните служби се информирани и во најскоро време ќе го отклонат ова злодело на неодговорни и злонамерни поединци, за да можеме достоинствено да ја паметиме ова трагедија.

– Вратите на историскиот Охрид остануваат ширум отворени за сите туристи, а посебно се секогаш добредојдени нашите пријатели од соседна Бугарија – велат од МНР.

Информацијата за оштетувањето на споменикот ја објави бугарската новинска агенција БГНЕС на која деновиве и даде интервју премиерот Зоран Заев кое ја разгневи македоснката јавност.

Уништена е „стилизираната капка“ во која беа испреплетени 15 метални рози, објави бугарската агенција.