ВМРОВЦИТЕ ПРЕД НОВИ МАКИ И НЕВОЉИ: Лукаревска најави засилени контроли за потекло на имот

0
1958

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, ќе инсистира секој месец да се објавуваат компаниите кои зеле државна помош, а не им ја исплаќаат на работниците.

-Да се надеваме дека во првата половина од 2021 ќе ги нема овие тешки бројки на заразени, што се пресликува и рефлектира во стопанството. Очекуваме дека ќе можеме да го држиме буџетот во добра динамика. Сепак, треба соодветни анализи кои ги правиме кон крајот на годината за да видиме колкави очекувања треба да имаме од компаниите, а кои ќе бидат и нивните можности во КОВИД-кризата – рече Лукаревска на Телма.

Таа за следната година најави засилени контроли за потекло на имот на граѓаните согласно со Законот за данок на личен доход.