ВМРОВЦИТЕ НИ СРАМ НИ ПЕРДЕ ОД ЛАЖЕЊЕ, НО ОВОЈ ПАТ СЕ УЛОВЕНИ СО СПУШТЕНИ ГАЌИ И ГОЛ ГАЗ! Слободен печат ја разоткри лажната вест против Заев за вила на Халкидики

0
802

Слободен печат тргна во потрага по овие нови фотографии за кои се тврди дека се од вилата на Заев. Фотографиите ги побаравме на Гугл и погодете што откривме. Истата вила, истите фотографии, се наоѓаат на неколку сајтови на грчки агенции за недвижности и таа во моментов е на продажба. Бугарскиот портал Биг5 објави „ексклузивни фотографии од новото прибежиште на премиерот Зоран Заев“. Станува збор за ексклузивна вила на Халкидики, Грција.

Порталот, повикувајќи се на тамошни мештани, тврди дека Заев редовно одел во вилата на одмор. Вилата не била купена на негово име, туку на име на неговиот брат, Вице Заев. Веста која ја објави Биг5 е непроверена и непотврдена, а истоврмено и сајтот нема соодветен импресум, така што не е познато кој работи на него. Меѓутоа, тоа не ги спречи дел од македонските портали блиски до опозицијата, оваа „мега бомба“ да ја пренесат експресно и да ја шират масовно на социјалните мрежи.

Насловите беа од типот: „Бугарските медиуми открија ултра луксузна вила на Заев!“, а луѓето во коментарите кои се нижеа под објавите не пропуштаа да искоментираат дека „предавникот Заев вилата ја добил на подарок затоа што го сменил името на државата“.

Оваа вест потоа опозициската ВМРО-ДПМНЕ вешто ја употреби за да удри по премиерот. Па така, партискиот лидер Христијан Мицкоски на Фејсбук сесија на која во живо одговараше на прашања од неговите следачи, рече: „Претпоставувам дека во сопственичкиот лист вие тешко ќе го најдете името на Зоран Заев, но истовремено сум сигурен дека во имотниот лист ќе најдете имиња кои што некако ќе можат да се поврзат со семејството Заеви. Јас навистина загрижен бидејќи ако во нешто сме први во регионот и во Европа, тоа е по криминалот и корупцијата и злоупотребата на врвните политичари. Единствен начин да овие луѓе, овие корумпирани политичари бидат поразени е на избори.

целиот текст на Слободен печат.мк