ВМРОВЦИТЕ КРАДАТ БЕЗМИЛОСНО А ЗАЕВ ОД СВОЈ ЏЕБ ДАВА И ДАВА СО ГОДИНИ И ПАК Е ЛОШ: Заев лично донирал милион денари за „Глобал“ и 770.000 денари за Министерството за здравство

0
427

Две донации се допишани во имотниот лист на премиерот Зоран Заев. Едната е во износ од 1.000.000 денари за помош за обнова на изгорениот дел од трговскиот центар „Глобал“ во Струмица, а другата е 770.000 денари за Министерството за здравство.

Владата во јануари им порача на државните институции, јавните претпријатија и на општините да му помогнат на Здружението „Обнова за Глобал“ за да се реконструира опожарениот дел од струмичкиот шопинг-центар, а Заев иако најави, не откри со колку лични средства ќе излезе во пресрет.

Владата не знае колку институции донирале за „Глобал“, Здружението за обнова не кажува, но по санирањето ќе им додели благодарници

Износот од донацијата за Министерството за здравство е делот на премиерот од Хесенската мировна награда, која ја доби со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, во висина од 12.500 евра, и истата ја уплати на крајот на февруари во Солидарниот фонд за справување со ковид-19.

Заев ги донира парите од „Хесенската награда за мир“ што ја доби заедно со Ципрас

За ова министерот за здравство Венко Филипче преку својот Фејсбук профил јавно му упати благодарност на Заев. Инаку од владината алатка на која може да се види кој колку донирал во солидарниот фонд, има податоци само до јули 2020 година, а до тогаш физичките лица во финансискиот дел вкупно донирале 25,5 милиони денари.

Во екот на пандемијата Заев лично донираше и амбулантно возило за потребите на струмичката болница, откако директорот на болницата преку социјалните мрежи побара граѓаните да донираат пари за набавка на возило за транспорт на ковид-пациенти, но податоци за ова нема во анкетниот лист.