ВМРОВЦИТЕ ВЕРНИ НА ТРАДИЦИЈАТА, УШТЕ ПРЕД 30 ГОДИНИ КОГА ГО ПОСИПАА КИРО ГЛИГОРОВ СО ПИВО, НЕ ИМ ИДЕ ПАМЕТ – ПРОДОЛЖУВА ДИВЕЕЊЕТО НА ЧЕТАТА НА МИЗРАХИ: ИСВИРКАНА ВЛАДИНАТА ДЕЛЕГАЦИЈА

0
875

Релативно малиот број на посетители на Мечкин Камен во Крушево околу 11.30 часот ги пречекаа и претставниците на Владата.

Тие беа исвиркани од дел од присутните граѓани.
„Ова е место за херои, не за предавници“, „Никогаш Северна, само Македонија“ , викаа присутните кон владините функционери.

Инаку ова свиркање и навреди е ВМРОВСКА традиција која трае речиси 30 години, уште на почетокот на 90-тите имаше голем инцидент на Мечкин Камен кога група вмровци фрлаа предмети и пиво кон претседателот Киро Глигоров при што тој беше посипан со разни течности и изнавреѓан, беше дури и запалено македонското знаме. Полицијата тогаш реагираше и сторителите добија казни затвор од неколку години.

Во Крушево каде што настаните се одбележуваат под покровителство на републичкото Собрание, владината делегацијаја претставуваат вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Од Мечкин камен свое обраќање ќе има потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, кој го заменува претседателот на Собранието, Талат Џафери кој беше на Инфективна клиника поради симптоми на Ковид-19. Од ВМРО-ДПМНЕ на Мечкин Камен присутна е и пратеничката Дафина Стојаноска.