НАЈЧЕВСКА : ВМРОВСКИТЕ МИНИСТРИ ВО ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА ЛАЖАТ ДЕКА ЌЕ ПРАВАТ РЕВИЗИЈА ВО НИВНИТЕ МИНИСТЕРСТВА, ТЕХНИЧКИТЕ МИНИСТРИ ТОА НЕ МОЖАТ, ВМРО-ДПМНЕ НЕ ЗНААТ ШТО ЗБОРАТ

0
487

Што може фактички да направи министер за три месеци?
1. Може да се запознае со структурата и начинот на работа на министерството, законските и подзаконски акти со кои се регулираат процесите и организацијата и внатрешниот тек на документите.
2. Може да обезбеди континуитет во работењето на министерството со цел што е можно помало нарушување на редовното пружање услуги на граѓаните.
3. Може да го подготви министерството за изведување на изборите.
4. Може да го наруши работењето на министерството и да оневозможи негово функционирање.

Што не може да направи ниту еден министер за период од три месеци?
1. Не може да се зафати со долгорочно планирање и системски промени во министерството
2. Не може да се зафати со долгорочно планирање и системски промени во областа која што ја покрива конкретното министерство.
3. Не може да направи темелна реорганизација на министерството која заради краткиот рок не би го нарушила континуитетот на работење.

Човекот поставен на раководна позиција кој тврди дека може нешто суштински да промени во работењето на едно министерство за три месеци, или намерно лаже или е шарлатан кој нема појма што зборува.

Фејсбук статус на Мирјана Најчевска.