ВЛЕН : ДЕНЕСКА ЛЕАТ КРОКОДИЛСКИ СОЛЗИ, ВО 2019 ГОДИНА ОСМАНИ И ГРУБИ ПОБАРАА ДА СЕ ПРЕИСПИТА ОДЛУКАТА ЗА НАЗНАЧУВАЊЕ НА ЕРОЛД МУСЛИУ

0
173

Лицемерно е опозициската ДУИ да обвинува за недоволна застапеност на Албанците во безбедносните служби. Еве ги фактите. Талат Џафери, министер за одбрана, НУЛА Албанци застапени во армиската единица “Волци”. Талат Џафери, технички премиер, армиски старешина Албанец претепан зошто реагирал за селективниот конкурс во “волците”. ДУИ, преку Бујар Османи во 2019 бараше од тогашниот претседател Стево Пендаровски да ја преиспита одлуката за именувањето на Еролд Муслиу за директор на Агенција за разузнување. Затоа, овој плач на ДУИ не е за застапеноста на Албанците во институциитњ, туку затоа што Груби, Бујар, Крешник и компанија ги изгубија привилегиите.

Коалицијата ВЛЕН има заменик директор во Агенција за Национална Безбедност, институција која според програмата на Владата се предвидува да се спои со Агенција за разузнавање. После оваа реформа предлогот на ВЛЕН за заменик директор во АНБ, ќе биде заменик и во интегрираната разузнувачка служба.

И, за крај..

Точно е дека Агенцијата за разузнавање имала заменик-директор Албанец од 2001 година, но точно е и дека во 2013 година ВИЕ ја сменивте систематизацијата на Агенцијата, каде што исчезна функцијата заменик директор. Од таа година Албанците немале заменик-директор, систематизација што ја гласавте на владиниот состанок, не знаејќи што сте направиле. Функцијата заменик-директор се врати во 2021 година, но од таа година која позиција ја имавте ВИЕ (ДУИ) ? НИКОЈА!
Функцијата заменик директор на Агенцијата, Албанец, ќе ја врати ВЛЕН!
Коалиција ВЛЕН