Влатко Васиљ: ДПМНЕ тивко, бешумно во себе плаче што нема да имаат три пратеници од дијаспората како што глатко и лесно ги добиваа на претходните избори

0
1010

Интересен фб статус на Влатко Васиљ:

Според владините медиуми се слави некаква си „голема“ победа на ВМРО-ДПМНЕ во врска со преговорите за гласањето на дијаспората. Но, дали ДПМНЕ навистина победи во преговорите по тоа прашање?

Да биде појасно, математиката е лесна, не е со проценти па да се испомешаме ко некои лица по телевизиите: Ако претходно со гласовите на дијаспората ДПМНЕ имаше тројца сигурни пратеници, со сигурност на следните избори тоа нема да биде толку лесно како порано. Сега дијаспората ќе има една изборна единица во која ќе се бираат три пратеници со потребен минимум на гласови колку што е и во Македонија, а тоа е 6.400 гласови за еден пратеник и ќе се бираат сите три на една листа.

За потсетување, во 2014 год. ВМРО-ДПМНЕ освои вкупно 6.563 гласови и со тие гласови имаше три пратеници, а сега за истиот број гласови ќе има минимални шанси да добие само еден пратеник . Доколку владејачката партија освои 200 гласови помалку во однос на 2014 година, од дијаспората ќе нема ниту еден пратеник.

Да, не е чудно и повеќе од јасно е дека ДПМНЕ преку своите медиуми јавно ќе слави и ќе се обидува тоа да го прикаже како некаква си победа, а всушност тоа е далеку од победа за нив во споредба со тоа што имаа пред преговорите, а што добија со преговорите. Да бидеме реални (односно скроз спротивни од владините портали) ДПМНЕ тивко, бешумно во себе плаче што нема да имаат три пратеници од дијаспората како што глатко и лесно ги добиваа на претходните избори.