ВЛАСТА ЈА УБИ МАЛЕЧКАТА ТАМАРА!!! СЕ НАЈМИЛО ДА ВИ СЕ ИЗНАЕБАМ!!! ПОЧИНА МАЛЕЧКАТА ТАМАРА СО НАЈУБАВО СМЕЕЊЕ И ПОКРАЈ МАКАТА!!

0
725

Починала Тамара Димовска. Девојчето, кое имаше проблеми со ‘рбетот, од Велес. Девојчето кое се смееше најубаво на цел свет, и покрај маката. Девојчето, на кое му беше влошена здравствената состојба уште повеќе и со сите сили се бараа средства, да се оперира најитно.
Што се случи со тие средства, што се ветија после граѓанските акции за собирање и извршување притисок кон власта, да помогне?

Многу прашања треба да се отворат. Но, пред тоа, да дозволиме на семејството да си ја испрати Тамара во мир, со тешка болка и тага.

Тамара не’ собра сите нас, граѓаните, да и’ помогнеме. Нека почива во мир – милата таа!
tamara

Семејството на деветгодишната Тамара Димовска од Велес, која има вродена маана на `рбетниот столб, уште талка низ административните лавиринти на македонското здравство. Иако министерот за здравство Никола Тодоров изјави дека сите трошоци за изведување на следниот оперативен зафат врз девојчето, ќе бидат целосно покриени од Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување на Македонија, мајката поминува низ нова агонија. Состојбата на Тамара се влошува, а според конзилијарното мислење, нејзината состојба не се есапи за итна.

„Во врска со барањето за лекување во странство за осигуреникот Т.Д., во петокот во Фондот за здравствено осигурување на Македонија беше доставено потребно конзилијарното мислење, кое од страна на лекарскиот конзилиум не е класифицирано како итно. Согласно процедура и законската регулатива, барањето во моментов се разгледува на комисиите во Фондот“, одговорија од Фондот на нашето прашање зошто процесот одзема долго време.

Првата операција на Тамара е извршена во Македонија пред две години. Родителите тогаш за прв пат се обратија за помош до сите хумани луѓе но сега поради немање доволно апаратура тука, Тамара треба повторно да оди на операција.
Мајката преку социјалната мрежа Фејсбук се пожали дека мора да се занимава со документи и дека е изложена на дополнителни трошоци и дека со нејзината ќерка се заглавени во правна процедура.
„Драги пријатели, бидејќи ве интересира до каде сме со случајот на мојата ќерка Тамара, морам да ве известам дека сме заглавени во правна процедура и тоа сите документи што ги доставивме од сите болници од Македонија мораме повторно да го правиме истото. Најтешкото е што никој не се нафати со 40 проценти кривина да не лекува, сега треба да кажат и со над 80 проценти кривина дали ќе ја лекуваат. Нови нервози, непотребни трошоци, а никој не ме прашува од каде сега пари за тоа. Освен изјавата од министерот дека ќе го покријат лекувањето на Тамара, нема ништо ново. Никој не се јавил што понатаму, каде и како да се лекува Тамара. Жалосно е што мораме да правиме невролошки испитувања, состојбата ни се влошува се повеќе. Ќе се јават и нови болести, ние процедурата си ја запазуваме. Тешко нас, до лето немам надеж дека ќе успееме. Благодарност до сите хумани луѓе кои ни даваат поддршка и помош, но ова е вистината“, напиша на Фејсбук, Жаклина Димовска, мајката на Тамара.
Семејството апелира до сите хумани луѓе да помогнат. Ситуацијата е аларманта поради појава на нови здравствени проблеми кај Тамара.
Телефонските броеви за донации се T-Mobile 070 143-115, Вип 077 143-123 и ONE 075 143-424. Трансакциската сметка за донации е 380477149401140 во Прокредит банка Велес на име Тамара Димовска. Отворена е и девизна сметка во НЛБ Тутунска банка IBAN CODE MK 07210501622216118 SWIFT TUTNMK 22. За хуманите граѓани во Канада кои сакаат да ѝ помогнат на Тамара, отворена е жиро сметка во TD Canada Trust бр # 540 ACCOUNT # 6508226 на име Марјана Малиновска.