Saturday, March 15, 2025
24.8 C
Skopje

Власта подгрева атмосфера на линч и „лисици“ за Заев!

Граѓанската петиција за прогласување на Заев за велепредавник води кон улично делење правда и немири, а нејзин предводник е Груевски, уверени се опонентите на владините политики.Национален предавник, издавач на државна тајна, велепредавник кој мора да биде уапсен… Ова се само дел од епитетите за лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев, кои кулминираа деновиве, откако Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) своите трибини по општините низ Македонија ги надгради и со петиција за прогласување на Заев за велепредавник, кој треба да биде уапсен, aналзира DW

zaev-obvinitelstvo24f-1-640x320

Комуниколози забележуваат дека во јавниот говор се повеќе доминира атмосфера на линч, a политиколози се уверени дека нема да се случи апсење на лидерот на опозицијата, бидејќи тоа би бил најризичен чекор за власта во сегашната длабока политичка криза. Провладините медиуми, пак, во континуитет им даваат огромен простор на ставовите на ГДОМ, кое е еден од главните „носачи на звук“ за прогласувањето на Заев за велепредавник.

Медиумите во регионот кои известуваат за опозициските „бомби“, мотивите за ваквите петиции ги ставаат токму во корелација со говорите и обвинувањата од Груевски. Под наслов „Провладини структури во Скопје бараат апсење на Заев“, бугарската новинска агенција БГНЕС објави дека провладини медиуми почнале атак против Заев, објавувајќи дека ‘граѓаните масовно се потпишуваат под барањето тој да биде уапсен, бидејќи извршил национално предавство’.

„Петицијата е организирана од ГДОМ, во која членуват најгласните пропагандисти на Груевски. Еден од нив е Миленко Неделковски, кој дури побара институциите да не молчат и веднаш да го уапсат Заев. БГНЕС потсетува, дека во неделата во градот Тетово на митинг организиран од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски го обвини Заев за ‘национално предавство’“, се вели во информацијата на бугарската новинска агенција.

Владимир Лазаревиќ од т.н. „амстердамската тројка“, кој заедно со уште двајца поранешни владини функционери Никола Димитров и Перо Димшоски се залага за „револуција на совеста“, за промени и за враќање на ВМРО-ДПМНЕ на изворната програма и моралните вредности, нема никаква дилема дека зад ваквите „естрадни активности“ со петицијата стои лично Груевски.

Целата анализа може да ја прочитате ОВДЕ

ОВАА НЕДЕЛА

ВО ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА РАЗБИЕНА Е ПОГОЛЕМА ГРУПА, УАПСЕНИ 23 ЛИЦА

По повеќемесечна предистражна постапка, денеска под координација на јавен...

МАЖ И ЖЕНА ОД ПРИЛЕП ОГРАБЕНИ ЗА 15 000 ЕВРА, ИЗМАМНИЦИТЕ ИМ ГИ ЗЛОУПОТРЕБИЛЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Непознати измамници убедиле брачна двојка од Прилеп да симнат...

ПЕТРУШЕВСКИ: НАРОДОТ НА МИНИМАЛЕЦ, А СЛОБОДАН ТРЕНДАФИЛОВ СИНДИКАЛЕЦОТ НА БАТЕРИИ ОД СДС И ЛЕВИЦА СО ПЛАТА ОД 75.000 ДЕНАРИ

Прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Почитувани, Почнуваме со демаскирање...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ