Владиката Јован Вранишковски се вакцинираше против ковид-19 во Белград: „Важно е да се вакцинираме заради другите околу нас“

0
1023

Владиката Јован Вранишковски денес беше вакциниран против вирусот ковид-19 во Белград  и порача дека „многу е важно поради нашите блиски да се грижиме едни за други, заради нашиот сосед, за да не заразиме никого“, објави „Новости“.

– Верувам дека има луѓе кои не се плашат да се заразат себеси, но треба да се вакцинираме заради другите, за да не бидеме тие што ќе заразиме некого – порача г. Јован.

Како што вели тој, важно е да се вакцинираме за да бидеме сигурни дека инфекцијата нема преку нас да се прошири.