Владиката Иларион: Откажете се од јогата и ќе ве пуштам да се сликате со мојот џип

0
523

ilarion1

Откако заканата со фрлање анатема беше дочекана со осуда во јавноста, владиката Иларион се обидува со поинаков пристап да ги убеди граѓаните да престанат со практикување на јога.

– Сите што вежбаат јога веднаш да прекинат и да се откажат, бидејќи таа не претставува само еден вид на фитнес, туку одрекување од светата православна вера и одрекување од Христа. Но тоа не е се. Доколку се откажете во следните 15 минути и се покаете, ќе добиете и нешто плус! Ќе ве пуштам да се сликате со мојот џип! Да, точно слушнавте! Нема да добиете анатема, и ќе имате слика со мојот џип! Верувам дека ова е понуда која нема да можете да ја одбиете – рече Иларион.

Извор: Коза Ностра