Легендарниот кошаркар Владе Дивац изрази поддршка за студентите кои учествуваат во протестите во Србија, пишува порталот на СпортКлуб.
На својот Инстаграм профил, Дивац сподели објава од навивачката група на Партизан, „Гробари“, во која се вели: „Гробари ќе бидат на улиците на Белград и ќе ги штитат своите драги студенти. Во случај на напад врз вас, пуштете нè нас“.
