Monday, January 20, 2025
0.8 C
Skopje

ВЛАДЕЈАЧКАТА ПАРТИЈА СО ЕКСПРЕСНА РЕАКЦИЈА ДО МИТОВСКИ : ТОА ШТО СДС ЗА 7 ГОДИНИ НЕ ИМ УСПЕА, ВМРО-ДПМНЕ ГО СРЕДУВА ЗА 6 МЕСЕЦИ

Реакција на прес-конференцијата на СДС

Љупчо Николовски и Благој Бочварски лицемерно честитаа за пуштањето на патот Страцин – Паланка.

Господата од СДС, изминативе седум години, не успеаа да го завршат експресниот пат Страцин-Паланка, па мораше ВМРО-ДПМНЕ експресно за само 6 месеци да го пушти во употреба.

Доколку Николовски и Бочварски, се занимаваа повеќе за проектите, наместо за давање тендери на фирми блиски до Заев, патот досега веќе ќе беше готов.

Знаеме дека минатата власт на СДС и ДУИ, дека освен тендерчиња и партиски вработувања, немаа ниту еден проект од областа на инфраструктурата.

Од доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, патот Страцин-Паланка е пуштен во употреба. Прилеп-Градско е готов, а Кичево – Охрид се работи во полна пареа.

Видлива е разликата помеѓу власта на ВМРО-ДПМНЕ и онаа на СДС и ДУИ.

Времето на матни тендери и партиски вработувања заврши, квалитетот и квантитетот сега се на виделина.

ОВАА НЕДЕЛА

НАПАДНАТ ЛЕКАР ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА

Тетовец нападнал лекар од Клиничката болница Тетово, стои во...

СЕ ЗАПАЛИ КУЌА ВО ДЕЛЧЕВСКО, ЗАГИНА 37-ГОДИШНИК

Пожар утрово изби во селото Чифлик, Делчевско, а притоа...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ