Tuesday, June 17, 2025
24.8 C
Skopje

ВЛАДА: ПОНИКВА СТАНУВА РЕХАБИЛИТАЦИСКИ ЦЕНТАР ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ ОД ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ

На денешната 82 редовна седница на Владата и официјално се усвои информација за потреба од обезбедување на рехабилитација во Пониква, за потребите на пациенти.

Со оглед на природата на повредите, особено кај пациенти кои претрпеле сериозни изгореници, неопходна е долгорочна и специјализирана нега, физиотерапија, психолошка поддршка и континуиран медицински надзор. Туристичкиот центар во Пониква, со своите природни и технички услови, е соодветна локација за спроведување на овој тип рехабилитација.

Потребите кои ќе бидат обезбедени се однесуваат на сместување и терапевтски капацитет за повредените пациенти, ангажман на медицински и физиотерапевтски тим со специјална обука во третман на изгореници, обезбедување психолошка поддршка за пациентите и нивните семејства како и континуирана комуникација со болниците и специјалистите кои ги третираат пациентите во акутната фаза.

Оваа иницијатива ќе придонесе не само за физичко заздравување, туку и за психосоцијална стабилизација на повредените лица, со што ќе се забрза нивниот повраток во секојдневниот живот.

Во насока на обезбедување континуитет во здравствената заштита и рехабилитација на пациентите сакаме да информираме дека планот, распоредот, начинот на спроведување на продолжената медицинска рехабилитација, како и обезбедувањето на соодветни медицински тимови, ќе биде изготвен од страна на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кочани, во соработка со: Министерството за здравство, Јавните здравствени установи вклучени во третманот и рехабилитацијата на повредените пациенти, како и во согласност со потребите и состојбата на самите пациенти и нивните семејства.

Во таа насока, Владата ја усвои Информацијата за потреба од обезбедување на рехабилитација во Пониква и го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги стави на располагање сместувачките капацитети во одморалиштето во Пониква за период од 10 јуни до 20 август. Владата го задолжи Министерството за здравство во соработка со ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кочани и Работната група формирана од Владата во соработка со пациентите да го донесе оперативниот план за рехабилитација. Исто така, трошоците за сместување и оброк на пациентите, како и оброк за медицинскиот кадар се на товар на Министерството за внатрешни работи.

ОВАА НЕДЕЛА

ВО МАСОВЕН ВОЗДУШЕН НАПАД СОСТАВЕН ОД 60 АВИОНИ, ИЗРАЕЛ ГО УБИ НОВИОТ НАЧАЛНИК НА ГЕНЕРАЛШТАБОТ ВО ИРАН

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни напади врз...

РУСИЈА АПЕЛИРА ДО ИЗРАЕЛ ДА ПРЕКИНАТ СО ОГНОТ, ДИПЛОМАТСКИОТ НАЧИН Е ЕДИНСТВЕНО РЕШЕНИЕ

Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI Русија предупреди дека израелските напади врз иранските...

ИРАН ДИРЕКТНО УДРИ ВО МОСАД – РЕКЕТИРАН Е ОПЕРАТИВНИОТ ЦЕНТАР НА ИЗРАЕЛСКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека извршила успешен ракетен...

ПИЈАН СКОПЈАНЕЦ ВОЗЕЛ ВО СПРОТИВЕН ПРАВЕЦ И НАПРАВИЛ СУДАР

Осомничениот, на 16 јуни во вечерните часови, под дејство...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ