ВЛАДА Е ДОГОВОРЕНА, ЕВЕ ГИ ДЕТАЛИТЕ ЗА ТОА ШТО Е ДОГОВОРЕНО: Свикан извршен и централен одбор во СДСМ

0
420

Владата е договорена, а свикан е централен и извршен одбор во СДСМ, дознава Фактор од партиски извори.

Задутре попладне СДСМ ќе има централен и извршен одбор.

Партиското членство веќе е известено.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев доби мандат од шефот на државата, Стево Пендаровски за формирање на Влада.

Мактел ги дозна деталите за тоа што е договорено:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев ќе биде 4 години премиер. За да ДУИ се откаже од барањето за премиер, ги добила силните ресори МВР и Финансии, тие практично ќе управуваат со полицијата и со финансиите во земјава. Но Зоран Заев се потрудил од Ахмети да издејствува тие лица кои ќе ги водат овие ресори да се професори и академици со што сите ќе имаат доверба во нив.

Радмила Шекеринска ќе биде спикер на собранието, со ова парламентот се враќа во рацете на СДСМ по 15 години! Таа ќе биде првата жена спикер на македонскиот парламент во историјата на земјата.

Инаку, за прв пат во нашата понова историја, СДСМ ќе го има во свои раце претседателот, премиерот, спикерот на собранието и градоначланикот на Скопје. До вчера сите тие четири функции беа во рацете на ВМРО ДПМНЕ, со фаталната четворка Грујо, Хорхе, Коце и Трајко Вељановски.