Wednesday, April 30, 2025
19.8 C
Skopje

ВЛАДА: ВО БУЏЕТОТ ОБЕЗБЕДИВМЕ 17 МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ И ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ

Почитувани,

Грижата за пензионерите е приоритет на Владата.

Пензионерите конечно го добија заслуженото.

Линеарното зголемување на пензиите за 5.000 денари на над 330.000 пензионери значи исполнување на даденото ветување.

Со ова второ линеарно покачување од 2.500 денари го заокруживме циклусот од зголемување на пензиите за 5.000 денари, со што најниската пензија во март изнесува 18.192 денари, додека просечната пензија изнесува околу 26.258 денари.

За таа цел како Влада во Буџетот за 2025 година се обезбедени 15 милијарди денари за зголемување на пензиите и дополнителни 1,9 милијарди денари за здравствено осигурување на пензионерите, односно вкупно 17 милијарди денари.

Нашата посветеност и работа создаваат сигурен и достоинствен живот за сите граѓани.

Како Влада продолжуваме кон реализирање на проектите и подобрување на животниот стандард.
Со почит,

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЛКОВ СО ОСУДА ЗА ПАЛЕЊЕТО НА КУЌАТА НА ПАНДОВ ВО ОРЕШАНИ

Министерот за правда Игор Филков најостро го осудува палењето...

КОЦЕВСКИ: ИСТРАГАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ МОРА ДА ЗАВРШИ ДО 16 -17 ЈУНИ

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска изјави дека истрагата...

КУМАНОВСКИОТ ОЏАЧАР ДИНО ВО ХУМАНА МИСИЈА ЗА КОЧАНИ

Шеесет и седумгодишниот Амзир Рушити од Куманово, познато како...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ