Tuesday, January 21, 2025
3.8 C
Skopje

ВЛАДА : ВАУЧЕРИТЕ ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ УРЕДИ ЗА СТУДЕНТИ ВЕЌЕ СЕ ПРЕДВИДЕНИ ВО БУЏЕТОТ ЗА 2025 ГОДИНА

Во Буџетот за 2025 година се обезбедени средства за ваучери од 250 евра за набавка на електронски уреди, соопшти Владата вчера, потврдувајќи ги првичните најави дека студентите во земјава догодина ќе добијат финансиска поддршка за набавка на дигитални уреди. Студентите со ваучерите се очекува да можат да купат телефони, компјутер или таблет, а од Владата велат дека оваа мерка ќе биде наменета за „сите студенти“.

„Ваучерот за студентите од 250 евра за купување на електронски уред ќе им овозможи на студентите да имаат пристап до технологијата што им е потребна за да успеат во денешниот дигитален свет“, се вели во владиното соопштение од вчера. Ваучерите за студентите првпат ги спомна премиерот Христијан Мицкоски во отворената програма „100 дена Влада“ што се емитуваше на јавниот сервис во октомври. Од Владата потоа соопштија дека е почната комуникацијата со компаниите во делокругот на информатичката технологија кои треба да финализираат до крајот на годинава и да се утврдат најповолен пристап и најдобра методологија за распределба на парите.

„Целта е да се изнајде најповолно решение каде компаниите ќе ги обезбедат електронските уреди, а исплатата ќе биде извршена преку ваучерите кои ќе бидат наменети за сите студенти“, рече на 9 октомври портпаролката на Владата, Марија Митева.

ОВАА НЕДЕЛА

ТРАМП ГИ ПОМИЛУВА 1600-ТЕ НАПАЃАЧИ НА КОНГРЕСОТ

Новиот американски претседател Доналд Трамп го потпиша првиот сет...

МИЦКОСКИ ВО ВАШИНГТОН Н СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА „МАКЕДОНИЈА 2025“

Премиерот Христијан Мицкоски, кој е во посета на САД,...

ИЛИЕВСКИ : ЗАБЕГАНА Е НАЈАВАТА НА ВЛАСТА ЗА КУПУВАЊЕ НОВ АВИОН

Одговор на новинарско прашање, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ Скандалозна...

ИЛИЕВСКИ : СКАНДАЛ ВО СОЗР, РОДНИНИ НА ТОМОВСКИ ДЕЛ ОД ТЕНДЕР ВРЕДЕН 3,5 МИЛИОНИ ЕВРА

Прес-конференција, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ Почитувани граѓани, почитувани медиуми, На...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ