Владата ќе исплати авансно 1,5 милиони евра за поплавените

0
539

Владата авансно ќе ги обештети поплавените граѓани во висина од 1,5 милиони евра, е одлучено вчера на седница, соопшти денеска премиерот Емил Димитриев.

– На вчерашната владина седница донесовме одлука да интервенираме авансно со 1,5 милиони евра средства. Тие средства после ќе бидат вкалкулирани во средствата кои ќе бидат како отштета, но сметаме дека е добро авансно да се реагира бидејќи на некои луѓе и сега им требаат – рече тој.