Monday, December 2, 2024
5.8 C
Skopje

ВЛАДАТА ЌЕ ДАДЕ НАФТА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ЈСП СО ЦЕЛ ДА СЕ РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО АВТОБУСИТЕ ВО ГРАД СКОПЈЕ

Владата се вклучи во решавањето на проблемот со недостигот на нафта за автобусите на ЈСП Скопје.

На денешната вонредна седница е донесена одлука со која ќе се овозможи на градот Скопје да му се позајмат дел од нафтените резерви на државата.
Денеска, меѓудругото, Бирото за јавни набавки донесе одлука со која се исполнети условите за спроведување на постапка со преговарање без објавување на оглас за да се скрати периодот за набавка на дериватот потребен на градот Скопје.Со ова, како што се потенцира, Владата го затвора прашањето со настаната потешкотија во работењето на градското претпријатие за јавен сообраќај.

На вонредната седница на која се расправаше за недостигот на енергенси за обавување на јавниот сообраќај на територијата на Град Скопје, била констатирана лошата состојба и недостиг на гориво за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие при што Владата се вклучи во решавање на овој проблем.Веќе втор ден на улиците на Градот Скопје сообраќаат по триесетина автобуси на градското сообраќајно претпријатие поради недостиг на нафта. Граѓаните со часови чекаат автобус.

ОВАА НЕДЕЛА

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ