ВЛАДАТА ЌЕ ГРАДИ ФИТНЕС ЦЕНТАР ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ НО И СПОРТИСКИ, ПОЛИЦАЈЦИ И ВОЈНИЦИ, ВРЕДЕН 600 000 ЕВРА ВО ОБЈЕКТ КОЈ ГО ОБЕЗБЕДИ ОПШТИНА ЦЕНТАР

0
167

⭕ Денес во Министерството за локална самоуправа го организиравме првиот координативен состанок, за заеднички да го изградиме првиот Фитнес рехабилитациски центар, единствен од ваков вид на Балканот кој ќе го користат првенствено лицата со посебни потреби, но и спортисти, припадници на специјалните единици на МВР и Министерството за одбрана и други граѓани кои имаат потреба од ваков вид на услуги.
⭕ Со овој Центар ќе решиме голем проблем со кој се соочуваат еден дел од граѓаните во нашата држава.
⭕ На средбата присуствуваа советникот на премиерот Заев, задолжен за труд и социјална политика, Милан Живковиќ, градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски, претставници на НВО сектор и на Градот Скопје.
⭕ Општина Центар отстапи објект каде ќе биде сместен овој Центар. Целосната реконструкција на објектот и набавка на сите потребни справи за вежби, ќе изнесува над 600.000 евра.

Фејсбук статус на министерот за Локална самоуправа, Горан Милевски.