Се испорачува ветувањето за повисоки пензии за 5.000 денари – од денеска започнува исплатата на повисоки пензии од 2.500 денари, што значи дека 300.000 пензионери ќе го добијат покачувањето.
„Ние како ВМРО-ДПМНЕ не можеме да излеземе во јавноста и да ветуваме чуда. Прво, не ни дозволува нашиот карактер и нашиот минат труд, а на крај, не сме чудотворци. Но можеме да ви ветиме дека ќе биде многу подобро од тоа што е сега, и можеме да ви ветиме дека дел од овие средства, кои се наменети за богатење на корумпирани политичари, ќе завршат кај вас. Како? Преку зголемени пензии.
Напорната работа носи резултати. Имам одлична вест за сите пензионери. Од денеска започнува исплатата на повисоки пензии од 2.500 денари. Со тоа го испорачавме нашето ветување за повисоки пензии од 5.000 денари. Повеќе од 300.000 пензионери ќе имаат повисоки пензии.
Да, Македонија има многу проблеми. Да, проблеми има во секој дел од општеството, но затоа сме тука да ги решаваме и со решавање на проблемите, Македонија ќе биде повторно горда, а на овој начин Македонија ќе биде повторно ваша!
Нека е со среќа ова покачување на пензиите, долговечно да ги користите, со многу радост, љубов и среќа во вашите семејства“, потенцираше Мицкоски.