ВЛАДАТА СО ПРЕПОРАКИ ДО ГРАЃАНИТЕ И РАБОТОДАВАЧИТЕ ПО НАЈАВИТЕ ЗА НОВ ТОПЛОТЕН БРАН

0
71

Во препораките што ги усвои Владата на денешната седница за намалување на ризиците од високите температури, се предвидува ослободување од работните обврски на најранливите групи население, односно бремените жени и лицата на возраст над 60 години, а во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот.

Исто така, Владата препорачува единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица, бездомни лица.Во денешното соопштение од владината прес-служба се додава дека со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, Владата ги потсетува работодавачите на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.