Владата денеска го задолжи Државниот пазарен инспекторат во наредните три дена да изврши вонреден инспекциски надзор врз угостителски објекти
Владата денеска одржа вонредна седница по трагичниот настан во Кочани во кој животот го загубија 59 млади лица и донесе одлука за прогласување на седумдневна жалост на територијата на целата држава.
Седница започна со едноминутно молчење и беше најавено дека Министерството за надворешни работи деновиве ќе отвори книга на жалост.
Владата денеска го задолжи Државниот пазарен инспекторат во наредните три дена да изврши вонреден инспекциски надзор врз угостителски објекти, кабареа, ноќни клубови и дискотеки за да се утврди фактичката состојба дали работат според стандардите и дали ги исполнуваат условите согласно законите и прописите на државата. Владата донесе заклучок и за активирање на механизмот за барање на меѓународна помош.
Извор : Новинска агенција Мета.МК