ВЛАДАТА ПОТФРЛИ, СДСМ ЗА МЕНЕ Е МИНАТО, ИЗЈАВИ СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ ОД ДОСТОИНСТВО

0
652

Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов, кој е и директор на Центарот за уравување со кризи, утрово изјави дека за него соработката со СДСМ е минато и оцени: „потфрливме како влада“. Тој е разочаран што нема слух за барањата на бранителите изразени преку Достоинство.

Во гостување на скоското радио Лидер, на прашањето за идна соработка со СДСМ,  Ангелов кажа дека е незадоволен од  работата на власта и во тој контекст ги спомена „црната листа“ на САД и лошиот извештај на Европската комисија за Македонија.

„Ние потфрливме како влада, јас ќе се повикам на извештајот на Европската Комисија. Ставањето на вицепремиер на црната листа за мене е погубно, а градоначалникот од редовите во ДУИ исто така заврши на оваа листа“, рече Ангелов.

Тој додаде дека во однос на барањата на Достоинство во полза на правата на бранителите, рече дека се реализирани само за четворица воени инвалиди.

На прашањето дали би му пречела влада меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов оцени дека тоа може да е добро за стабилизација, но дека така тешко се решаваат крупни прашања.