Thursday, May 15, 2025
17.2 C
Skopje

ВЛАДАТА ПОРАДИ ТОПЛОТО ВРЕМЕ ДОНЕСЕ ПРЕПОРАКИ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД РАБОТА НА НЕКОЛКУ КАТЕГОРИИ ГРАЃАНИ И ЗАБРАНА ЗА ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ НА ОТВОРЕНО

Владата на денешната онлајн седница по добиената информација за високите температури во кои што се наоѓа државата, ги усвои следните препораки, мерки и превенција за заштита. И тоа:

Од работни обврски се ослободуваат бремените жени и лица на возраст над 60 години во период од 12.07.2024 година (петок) до 18.07.2024 година (четврток).

Исто така во истиот период, работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење на градежни и други физички активности на отворено во период од 11 часот до 17 часот.

Воедно, на владина седница се донесе одлука за детските градинки да не се практикуваат физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во период од 11 часот до 17 часот.

Исто така, Владата препорачува до единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и на бездомници, a со оглед дека одредени ризични производствени и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик за здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Владата на Република Северна Македонија постојано ја следи состојбата поврзана со високите временски температури и за таа цел навремено презема соодветни мерки за заштита на населението.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

СДСМ: ОВА ЌЕ БЕА ПРИДОБИВКИТЕ ЗА СЕМЕЈСТВАТА ОД ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ КОЈ ВМРО-ДПМНЕ ГО ОДБИ

Парламентарната група на СДСМ и коалиција поднесе Предлог-закон за...

МАЈКА НА ПОВРЕДЕН ВО КОЧАНИ: ПОВРЕДАТА Е ТОЛКУ ЧУВСТВИТЕЛНА ШТО ОД МИНУТА ВО МИНУТА СОЗДАВА НОВИ ПРОБЛЕМИ

Благица Сабовљевиќ-Стоименова, граѓански активист и мајка на повреден вели...

НАЈНОРМАЛНО Е ДА ИМАМ ПРЕКРАСНИ ОДНОСИ СО СРПСКОТО ДРЖАВНО РАКОВОДСТВО, ВЕЛИ СТОИЛКОВИЌ

Според вицепремиерот, влијанието на Србија во земјава се преувеличува,...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ